Во летото во 2022 година, Велика Британија ќе организира четиридневна прослава по повод 70-годишнината од владеењето на кралицата Елизабета, и по тој повод ќе биде воведен дополнителен ден на националниот празник, објави владата.

Националниот празник ќе биде преместен на крајот на мај, а Владата ќе воведе уште еден дополнителен ден со цел да се одржат прославите во периодот од 2-ри до 5-ти јуни.

Владата најави дека прославите ќе бидат организирани како преглед на владеењето на кралицата Елизабета, нејзиното влијание врз Велика Британија и светот од 1952 година, кога таа седна на тронот.

Британскиот министер за култура Оливер Дауден изјави дека одбележувањето на платинскиот јубилеј за владеењето на кралицата ќе биде историски настан за паметење.

Кралицата Елизабета (94) е на тронот подолго од сите претходници.

Таа е исто така најстара од сите сегашни владетели.