Извори на британската Влада велат дека ќе има продолжување на транзицискиот период за брегзит за неколку месеци, доколку е потребно. Овој потег, како што велат, би можел да им купи повеќе време на двете страни, за да се изнајде решение за проблемот со ирската граница.

Тоа следи откако синоќа лидерите на ЕУ на самитот во Брисел не успеа да направат одлучувачки напредок во постигнувањето на договор. Некои пратеници кои го поддржуваат брегзит налутено реагираа на идејата за продолжување на овој период.

Велика Британија ја напушта ЕУ во март следната година, а сегашниот план е транзицискиот период да заврши на крајот на 2020 година. Тоа би можело да значи дека Велика Британија ќе мора подолго да ги следи правилата на ЕУ и, најверојатно, ќе значи дека ќе плаќа милијарди фунти за Унијата.

Британската премиерка Тереза Меј синоќа им се обрати на своите 27 европски колеги, барајќи од нив да им дадат основа и да го прекинат моменталниот ќор-сокак. Сепак, тие рекоа дека до неа е да понуди нови идеи и дека е направен недоволен напредок за да се свика специјален самит следниот месец за да се подготви договор за повлекување.

извор: Makfax