Британецот Вули Смит добил тешки изгореници на горниот дел од ногата, откако му експлодирала „електронската„ цигара додека му била во џебот од панталоните.

Експлозијата на батеријата од цигарата, предизвикала сериозни поведи, а лекарите биле приморани да му пресадуваат и кожа на тешко изгорените места.

Несреќниот Смит итно бил префрлен во. болницата во Кирклади, во централна Шкотска, а подоцна на натамошне лекување во Данди.

” Седев на маса, додека ручавме со семејството, кога нешто светна во џебот од џинс пантолоните што ги имав на себе. Не успеав ниту да станам од столот, а целата ногавица беше во пламен а јас чувствував како материјалот од панталоните се лепи за мојата кожа, проследено со страшни болки што ги чувствува”, рекол Смит за еден шкотскиот таблоид.

Иако инцидентот се случил на пет денa пред Нова година и речиси два месеци подоцна, Смит се уште се опоравува од изгорениците.
Засега не е познато како се случил овој инцидент со безопасната „електронска„ цигара која би требала да им помогне пушачите да се откажат од пушење тутун.

Смит и неговиот адвокат изјавиле за весникот дека се подготвуваат да поднесат тужба за наплата на отштета. Батеријата била од кинеско производство, а увозникот на цигарите се правдал дека на секој производ има декларација со предупредување, според кое цигарите не треба да се чуваат во џеб и до метални предмети.

Вули Смит е втората „жртва„ од експлозија на батеријата на „електронска„ цигара во Велика Британија.