“Брилијант”- Штип од вчера е сопственик на 0,5 отсто од капиталот на “Комерцијална банка”. Преку Македонската берза, Банката продаде 10.000 обични акции што претставува 0,5 отсто од сите акции издадени од Комерцијална. Трансакцијата, како што велат од Банката, е извршена по цена од 3.800 денари за една акција. Овие акции Комерцијална ги има купено во јули минатата година по цена од 2.200 денари што значи дека со вчерашната трансакција е остварена капитална добивка од 16 милиони денари. (В.М.Б.)