x

Брилијантна партија на Зијех: Со само 4 настапи во Премиер лигата урна рекорд!

ziyech

Дека Челзи доби неверојатно засилување во Мароканецот Хаким Зијех, доволно говори и вечерашната статистика на мечот со Шефилд Ј. Фудбалерот кој многу повеќе сака да асистира, отколку сам да ги завршува акциите, вечерва за своите соиграчи креираше дури 6 фантастични шанси, а притоа две од нив завршија како асистенции при постигнати погодоци за „сините“. Вакво остварување на премиерлигашки меч досега немал ниту еден друг фудбалер.

Зијех најпрво му асистираше на Чилвел за погодок за пресврт и водство од 2:1 на лондончани, а потоа неговото уфрлувањево 77. минута беше клучно за голот првенец на Тијаго Силва и предноста од 3:1 на Челзи. Не случајно, Зијех вечерва беше најдобриот и најдобро оценетиот фудбалер на Челзи во победата над Шефилд.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата