x

Брестовац со поширок список за ЕП: Се враќа Велко Маркоски, Дарко Георгиевски и Мартин Манасков добиваат шанса

Најдоброто со што располага македонскиот машки ракомет во моментов се најде на списокот од 28 ракометари на селекторот Данило Брестовац за настап на Европското првенство во јануари следната година.

Новитет во списокот на селекторот е левиот бек Дарко Георгиевски, кој премиерно е на А листата, додека претходно настапи за Б-тимот на Медитеранските игра во Тарагона во 2018 година.

Во националниот тим се враќа Велко Маркоски, кој беше изоставен од претходниот собир затоа што немаше клуб. Шанса добива и бекот Мартин Манасков, кој откако во април годинава дебитираше со дополнителен повик, сега повторно е во конкуренција за најсилниот национален тим.

СПИСОК ОД 28 РАКОМЕТАРИ ЗА ЕУРО 2020

ГОЛМАНИ: Борко Ристовски (Бенфика), Никола Митревски (Еурофарм Работник), Мартин Томовски (Лудвигсхафен), Марко Кизиќ (Вардар)

КРИЛА: Дејан Манасков (Веспрем), Димитар Димитриоски (Вардар), Бојан Маџовски (Еурофарм Работник), Гоце Георгиевски (ЧСМ Букурешт), Мартин Поповски (Пролет), Ненад Костески (ППД Загреб)

БЕКОВИ: Кирил Лазаров (Нант), Филип Талески (Балинген), Филип Кузмановски (Магдебург), Горан Крстевски (Линц), Дарко Димитриевски (Синфин), Дејан Кукуловски (Вардар), Велко Маркоски (Металург), Мартин Велковски (Еурофарм Работник), Мартин Серафимов (Металург), Томислав Јагуриновски (Металург), Марио Танкоски (Металург), Марко Мишевски (Гренобл), Мартин Манасков (Охрид), Дарко Георгиевски (Ангерс)

ПИКЕРИ: Стојанче Стоилов (Вардар), Жарко Пешевски (Штутгарт), Никола Маркоски (Еурофарм Работник), Костадин Петров (Суидад)

Почетокот на подготовките за Европското првенство е на 21 декемри додека селекцијата дури на 2 јануари ќе биде комплетна.

Во комбиниран состав Македонија ќе настапи на пријателскиот двомеч со Кувајт во Белград, кој ќе биде попатна станица за нашата репрезентација пред настапот на „Трофеј Карпати“ од 27 до 29 декември. По паузата за Нова година екипата на 2 јануари рано наутро патува за Словенија, а веќе на 3 јануари игра контролен меч против Словенија, додека на 5 јануари за спаринг партнер ја има Црна Гора.

Од Словенија, националниот тим директно патува за Виена каде во рамките од групата Б се соочува со Чешка, Австрија и Украина.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата