x

Брестовац: Не ме загрижува нерешителноста на помладите, напротив ме радува нивната дисциплина, борбеност…

mkd-gru-2-brestovac

Првиот квалифициски циклус е завршен успешно. Македонија од високо гледа кон ЕП 2022 година, по победата на гостински терен против Швајцарија. Имавме добри и лоши моменти. Видовме дека капитенот Кирил Лазаров уште и е потребен на Македонија, тешко играме кога е затворен, но од друга страна пак видовме и дека не треба да ја изгуби вербата на генерација која порано требаше да созрее, и онаа која допрва треба да биде стандарден дел од нашиот најдобар национален тим

Селекторот, Данило Брестовац и неговите момци на крајот морат да бидат задоволни, играта се заборава, резултатот останува. Македонија ја победи Швајцарија на гости и зачекори сигурно кон ново континентално натпреварување. Простор за критики нема, посакуваме добра сезона на сите во продолжение за уште подобро издание во март против Данска.

„Честитки за момците. Ова беше тежок и исцрпувачки натпревар. Одигравме борбено во одлучувачките моменти. Остваривме голем резултат, направивме чекор до пласман на едно Европско првенство“, вели селекторот Данило Брестовац за СПОРТМЕДИА.

Предводникот на „црвено-жолтите“ Репрезентацијата ја има потребната физиономија, но не и конечниот изглед. Но, добро е што во овој период ја имаат поддршката од претседателот, Живко Мукаетов и РФМ.

„Би било сосема погрешно ако ја гледаме целта – пласман на ЕП, а престанеме да „трчаме“. Репрезентацијата ја има потребната физиономија, но не и конечниот изглед за да можеме да играме против големи репрезентации, поточно да победуваме. Имаме време, имаме поддршка и трпение од претседателот, од ракометната федерација за курсот на кој се наоѓаме“.

Го прашавме дали го загрижува нерешителноста на помладите да превземат одговорност. Против Швајцарија, капитенот Кирил Лазаров беше затворен во првото полувреме…

„Дали ме загрижува нерешителноста на помладите? Веднаш ќе одговорам НЕ! Напротив ме радува нивната дисциплина, борбеноста, желбата за победа, истрајноста да направат шанса“.

Во овој квалификациски циклус селекторот немаше среќа со стручниот штаб, поради пандемијата коронавирус остана без помош, во Швајцарија беше и главен тренер и помошник, мораше сам да ја прати секоја ситуација.

„Секако дека е тешко, тешко е се да пратиш, на моите помошници сигурно им било потешко отколку мене. Им посакувам побрзо оздравување“.

Следните квалификациски мечеви ги играме во март, не чека двобој против Данска, прво на домашен терен, а потоа на гости.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата