x

Брестовац до Мрме: Куме вечерва да наздравиме во ваша чест!

mrbe-danilo

Сите погледи денеска се вперени кон Тбилиси, градот во кој македонската фудбалска репрезентација може да испише историја, да го завери првиот пласман на едно големо натпреварување. Последната пречка на нашите момци е Грузија, добро познат противник.

Додека сите ги броиме часовите, минутите, секундите до стартот на финалето, социјалните мрежи се преполни со пораки за поддршка до фудбалерите, стручниот штаб и ФФМ.

Една порака доаѓа од селекторот на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац. Добро е познато дека со предводникот на националниот фудбалски тим, Игор Ангеловски се кумашини, за СПОРТМЕДИА пред историскиот дуел порача:

„Ова е голем ден за сите, на Македонија местото и е на Европското првенство. Овие момци, овој тим го заслужи тоа. Изминатиот период на дело покажаа дека можеме да играме убав фудбал, да победуваме, покажаа како се сака својата земја.

Само храбро со верба во себе. Верувам во квалитетите на оваа репрезентација, на мојот кум и сите играчи им посакувам среќа. Сега е нивно време“, порача на Брестовац и додаде:

„Куме вечерва да наздравиме во ваша чест“. 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата