x

Брестовац внимава и на најмал проблем: Поповски и Митревски на лекарски прегледи

Голманот Никола Митревски и крилото Мартин Поповски беа поштедени на првиот пријателски меч на репрезентацијата со Кувајт во Србија, а причината е што и двајцата пријавија проблеми. Митревски се пожалил на болка во мускулот на потколеницата, додека Поповски на задната ложа.

Не се работи за ништо сериозно, но селекторот Данило Брестовац на десетина дена пред ЕП е внимателен и за најмал проблем, па вчера ги поштеди, а денеска ги испрати на дополнителни лекарски прегледи.

Двајцата најверојатно ќе одморат и на денешната втора средба со Кувајт закажана од 19 часот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата