18-годишна девојка и кажала на својата мајка дека и доцни менструацијата. Мајката загрижена отишла во аптека, купила тест за бременост и резултатот бил позитивен. Лута почнала да вика: – Која е свињата, сакам да знам, ајде да му кажеме на татко ти… Кога конечно останала сама, девојката направила телефонски разговор и по половина час пред куќата запрело “ферари”. Од него излегол зрел господин, облечен во скапо одело. Човекот влегол во куќата, па им рекол на нејзините родители: – Вашата ќерка ме извести за проблемот. Поради својата семејна состојба, не можам да се оженам со неа, но секако ќе преземам одговорност. Ако биде девојче, ќе и препишам три продавници, два удобни апартмана, вила на плажа и сметка на 500.000 евра. Ако биде машко, ќе добие две фабрики и 500.000 евра. Ако, пак, бидат близнаци, секој ќе добие фабрика и по 250.000 евра. А ако девојката по некој случај пометне… – Повторно ќе ја сексаш – го прекинал таткото.