Кантри музичката пејачка Шанаја Твен преку Твитер испрати јавна порака до Бред Пит.

Актерот вчера го прослави својот 57-ми роденден, и доби честитки од целиот свет. Неочекувано, му се обрати пејачката, можеби најпозната по хитот од 1997 година “That Don’t Impress Me Much”.

“Добро, ти си Бред Пит? Тоа не ме импресионира”, пееше таа, мислејќи на убавиот изглед на актерот.

„Среќен роденден на Бред Пит, ќе направам исклучок денес“, се пошегува таа на Твитер, додавајќи емотикон што испраќа бакнеж.

Пејачката претходно зборуваше зошто го избра Пит за таа песна. Таа вели дека била инспирирана од фотографијата на Пит и неговата поранешна Гвинет Палтроу која протекла во едно списание.

“Мислев дека тоа е ужасен напад врз нивната приватност и само гледав на работите од друг агол. Тој е убав, облечен или гол”, рече таа и додаде дека не е воодушевена што сè уште не го запознала Бред Пит.