Иако го завршија бракот пред 15 години, Џенифер Анистон и Бред Пит сè уште се една од главните теми во медиумите.

Сега се појавија нови информации дека Бред Пит, наводно, во чекор ја следи својата поранешна сопруга, а причина за таквите тврдења е последната донација на актерот во истата хуманитарна организација во која Џенифер ги уплатила парите, пренесува „Мирор“.

Пред неколку дена, во странските медиуми се појави вест дека sвездата на серијата „Пријатели“, трогната од бруталното убиство на Афроамериканецот Џорџ Флојд од страна на полицијата, донирала милион долари на организацијата „Color of Change“, а споменатиот медиум сега тврди дека нејзиниот поранешен сопруг решил да го стори истото.

Исто така, неименуван извор тврди дека актерот по протестот отишол кај Џенифер, каде што, во разговор со неа, тој решил да вложи милион долари во споменатата организација.

извор: Makfax