Холивудскиот актер Бред Пит се обидува да им се приближи на своите деца, кои ги има со својата поранешна сопруга Анџелина Џоли и со која веќе четири години е во процес на споделување на старателството. Додека тоа му успева со помладите наследници, неговиот однос со најстариот син Медокс е сè уште напнат.

Уште во 2002 година Анџелина го посвои тогаш едногодишното момче Медокс од Камбоџа, а неколку години подоцна и малата Захара од Етиопија.

ПО почнувањето врска со Бред, славниот актер ги прифати нејзините посвоени деца, а и тој самиот ги посвои. Така, денес, двајцата го носат неговото презиме, исто како и нивното трето посвоено дете, 16-годишниот Пакс.

Покрај тоа, Пит и Џоли имаат уште три биолошки деца – 14-годишната Шајло и 11-годишните близнаци Вивиен и Нокс.

По бурниот развод во 2014 година, сите деца останаа да живеат со својата мајка и многу повеќе беа приврзани за неа.

Сепак, во последните две години 56-годишниот Бред се обидува да го надомести изгубеното време и да ја обнови врската со своите наследници. Додека другите деца го прифаќаат тоа и не кријат колку им недостига татко им, најстариот син Медокс одбива да стапи во контакт со Бред.

Минатата година 18-годишниот Медокс отиде да студира во Јужна Кореја, а на аеродромот го испрати неговата позната мајка – Анџелина. Медиумите пишуваат дека Медокс и Бред не биле во контакт со години, тие не се гледаат ниту, пак, разговараат на телефон.

Во меѓувреме, 16-годишниот Пакс исто така престана да комуницира со својот татко јасно покажувајќи на чија страна е.

Неодамна, Бред беше фатен како го напушта домот на Анџелина, а странските медиуми објавија дека сопружниците ги олабавиле затегнатите односи во корист на своите деца и дека ќе се трудат да одржат пристоен однос за да ги одгледуваат заедно своите наследници.

извор: Makfax