Малкумина знаат дека Горан Бреговиќ свирел виолина во музичко училиште, но тој бил избркан во второ одделение со образложение дека е неталентиран.

Неговото музичко образование било сведено на она што го учеле пријателите сè додека неговата мајка не му ја купила првата гитара. Потоа се запишал во уметничко училиште, но неговата мајка наскоро го испишала затоа што, наводно, училиштето било полно со хомосексуалци.

Таа го запишала во сообраќајно училиште и, како компромис, му дозволила да ја носи својата долга коса.

Откако преминал во ново училиште, Бреговиќ се приклучил на училишниот бенд „Изохипси“ како бас гитарист. Сепак, тој и оттаму бил избркан овој пат поради лошо однесување  бидејќи го удрил училишниот Мерцедес.

Бреговиќ потоа се запишал во средно училиште и се приклучил на средношколскиот бенд „Бештије“ (повторно свирел на бас гитара).

На шеснаесетгодишна возраст, неговата мајка го напуштила и Горан морал да се грижи за себе свирејќи народна музика во таверна во Коњиќ, работејќи на градилиште и продавајќи весници.

Бендот „Бијело дугме“ му донесе слава, а сè друго е историја.

Денес, тој е еден од најпознатите, ако не и најпознатиот музичар од овие простори во целиот свет.