По контролата со Беласица, и триумфот над струмичани, фудбалерите на Брегалница продолжуваат со засилен ритам да ја одработуваат втората фаза од тековните подготовки. Тренерот Добринко Илиевски нема поголеми проблеми, се работи максимално посветено, и сите се очекување на следните пријателски мечеви во пресрет на стартот на новата сезона во Втората лига – исток. Штипјани и во новата сезона ќе бидат едни од фаворитите во битката за првото место.
Колку за потсетување, Брегалница во следниот период ќе се “тестира“ со Шкендија, А. Пандев, потоа Гостивар.