x

Брегалница е на +5: Сега штипските “сини“ се прашуваат во битката за Истокот!

bregalnica-da-1

По вчерашниот сензационален пораз на Тиквеш од Кит Го, а по триумфот на Брегалница во Кочани, поредокот на табелата е следен. Штипските „сини“ имаат 35 бодови и се први а Тиквеш има “само“ 30 и е втор. Веќе во сабота под Исарот, во рамките од 14.коло во ВМФЛ, Брегалница го дочекува Тиквеш во супер – дербито. Сето ова значи дека сега Брегалница и тоа како се прашува, дека е на чекор до оставрување на сонот, а тоа враќање во елитата. Тиквеш е шок, Тиквеш по оставката на Раде Цицмиловиќ сега остана и без тренер. Секако дека кавадарчани во сабота само победа ги “пере“, во случај на пораз и дефинитивно, бодовната разлика ќе биде 8 бодови, ќе мора да се збогуваат со првото место на Истокот.

Од друга страна во Брегалница се свесни дека уште ништо не е готово. Нејзе во сабота и реми и одговара, лошо ќе биде за „сините“ само ако Тиквеш победи, но искуството на стратегот Марјан Секуловски како и на целокупниот клуб дава за право дека оваа шанса Брегалница нема, но и не смее, да ја испушти. Се чини дека во сабота на свој терен тие го решаваат првенството.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата