Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Коби Брајант, го надмина легендарниот Мајкл Џордан по бројот на постигнати поени во НБА. Брајант реализира 24 во победата на својот тим со 100:94 на гостувањето кај Минесота, а му беа потребни само девет за да го мине Џордан со неговите 32.292 поени. Брајант моментно има 32.310 поени и е трети најдобар реализатор во историјата на НБА.

Му честитам на Коби на ова достигнување. Очигледно е голем играч, со силна работна етика и еднакво голема страст кон кошарката. Уживав гледајќи го неговиот напредок во кошарката во текот на годините и се радувам што сум сведок на неговото ново достигнување, напиша Мајкл Џордан во соопштението за јавноста.

На Брајант му требаа 1.269 натпревари за да го оствари овој учинок, а на Џордан само 1.039.
Лидер на вечната листа на стрелци е Карим Абдул Џабар со 38.387 поени, пред Карл Мелоун со 36.928.
Сезонава за 36-годишниот Брајант е деветта во НБА, во составот на Лејкерс, со кои досега бил пет пати шампион.

На враќањето во Лос Анџелес Брајант беше пречекан на прекрасен начин од екипажот на авионот, кој му приреди изненадување со специјално украсена торта.
Голден Стејт ја продолжи серијата победи откако на гости во продолжение го совлада Њу Орлеанс со 128:122, што е 16-та победа едно по друго.

Резултати: Њу Орлеанс – Голден стејт 122:128 (продол.), Мајами – Чикаго 75:93, Вашингтон – Јута 93:84, Минесота – ЛА Лејкерс 94:100, Оклахома Сити – Феникс 112:88, Њујорк – Торонто 90:95 (продол.), Денвер – Сан Атонио 91:99