x

Братот на Гигс: „Воопшто не го жалам Рајан“

rajan-gigs

Рајан Гигс, некогашната легенда на Манчестер Јунајтед беше уапсен откако ја нападнал девојката Кејт Гревил и уште едно лице, а мотивот бил фактот што Кејт побарала од Рајан објаснување за другите жени со кои Рајан спиел.

Дошло и до тепачка, а веднаш Рајан Гигс е уапсен.

Сепак, ова за Гигс не е прв скандал со жените. Тој во 2016 година самиот си го растурил бракот откако се дознало дека спиел со жената на неговиот брат.

Неодамна токму братот Родри соопштил дека Рајан е „сексуален зависник“.

„Секој има слабост. На Рајан тоа беше потребата да спие со туѓи жени после секое излегување“, рече Родри.

„Воопшто не ми е жал што му се случува. Имаше одлична кариера, но ја упропасти. До него е“, додаде братот на Рајан.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата