Раководството на општинската организација на СДСМ од Ресен групно исклучи деветмина високи функционери на локално ниво. Сите тие се дел од советничката листа “Обнова за Преспа”, на независниот кандидат и поранешен висок функционер на централно ниво, Димитар Бузлевски. Одлуката за исклучување била донесена пред три дена и е испратена за потврда до централата.

На листата исклучени се актуелни локални функционери.
1. Живко Гошаревски – претседател на Месна организација во Ресен
2. Сузи Ќоропановска – актуелен заменик-координатор на локалниот клуб на жени на СДСМ
3. Нико Пластиновски – член на СДСМ
4. Весна Карапалевска – поранешен член на ИО на СДСМ во Ресен
5. Ана Прцуловска – член на ЦО на СДММ
6. Тоше Лабачевски – член на ИО на СДСМ во Ресен
7. Драги Тасевски – член на СДСМ
8. Александра Трајчевска – член на СДСМ
9. Кире Китевски – долгогодишен висок функционер на СДСМ во Ресен, поранешен секретар на општина Ресен, и поранешен член на претседателството на О.О. СДСМ Ресен.

Ова масовно исклучување на членови на СДСМ е најексплицитно во досегашната пракса на СДСМ да ги исклучува од членство сите оние кои не ја послушаа одлуката на централното раководство на партијата за бојкот на локалните избори.

Изминативе неколку денови, раководството на партијата секојдневно исклучува свои членови, во зависност од тоа како доаѓаат информации за нивно учество на локалните избори. Завчера беа исклучени и актуелни членови и советници од СДСМ во општина Кисела Вода, кои преку СДУ, поднесоа кандидатска листа за советници во таа општина. Меѓу позвучните имиња од СДСМ, што досега се исклучени се, Стефчо Јакимовски – претседател на градската организација на СДСМ, практично втор човек во СДСМ, поради кандидатурата за градоначалник на општина Карпош. Потоа Димитар Бузлевски, поранешен висок функционер на СДСМ, поради независна кандидатура во Ресен. Виктор Цветковски поради независна кандидатура во Куманово, Гоце Величковски, во два мандати градоначалник на Росоман од СДСМ, Панчо Минов и Ташо Радњански од Кавадарци, Михаил Младеновски и Владо Бучковски.

ЧЛЕНСТВОТО НА СДСМ НА ИЗБОРИ
Инаку, голем дел од членството и локалните функционери на СДСМ одлучија да не го почитуваат партискиот став за бојкот и преку независни листи или преку СДУ излегло на локалните избори.

Карпош:
Стевчо Јакимовски – преку СНСМ
советничка листа

Кисела Вода:
Чедомира Саздовски – преку СДУ
Славица Новачевска – преку СДУ
Јица Димовски – преку СДУ
Гордана Андонова – преку СДУ
Јово Крстевски – преку СДУ

Куманово:
Предраг Божиќковиќ – кандидат за градоначалник на СНСМ
Ѓорѓе Полиќ – СНСМ
Виктор Цветковски – независен кандидат за градоначалник

Старо Нагоричане:
Власто Димковиќ – кандидат за градоначалник на СНСМ
Часлав Јовановиќ – носител на листа на СНСМ

Велес:
Марјан Спасовски – долгогодишен претседател на ОО СДСМ Велес

Штип:
Мијалче Попандов – преку СДУ
Марика Цанева – преку СДПМ
Советничка листа на Титови леви сили

Гевгелија:
Петар Ефтимов – преку СДУ
Јован Платански – преку СДПМ

Крива Паланка:
Милка Михајловска – преку СДУ
Горан Милковски – преку СДПМ

Кавадарци:
Ташо Радњански – независен кандидат за градоначалник
Панчо Минов – независен кандидат за градоначалник

Ресен:
Димитар Бузлевски – независен кандидат за градоначалник
Советничка листа

Охрид:
Зоран Стевоски – поранешен ген. секретар на СДСМ Охрид

Струга:
Кандидати од ПЕИ на 3 и 6 место на советничката листа на ДУИ

Маврово – Ростуше:
Зунун Зунини – кандидат за градоначалник на ПЕИ
Советничка листа на ПЕИ предводена од Ихмет Ејупи

Росоман:
Гоце Величковски – преку НДМ (во два мандати градоначалник на СДСМ, близок на Црвенковски)

(М.Н.)