Бразилците резервираа авиони за финалето
Неспорно е дека Бразил е најголем фаворит за новата, шеста титула светски првак. Во тоа се убедени дури и навивачите на “кариоките”, кои го искажуваа својот оптимизам со тоа што веќе најавија патување за финалниот натпревар на СП 2006 во Германија.
Сигурни во своите предвидувања и уште посигурни во силата на својата репрезентација Бразилците наголемо резервираат авионски билети за Германија, поточно за терминот кога се игра финалето на СП. Тоа го потврдува и портпаролот на аеродромот во Берлин, Еберхард Илиеа, според кого веќе стигнуваат барања од бразилските туристички агенции за резервација на простор за чартер летови од Јужна Америка.