x

Бразилски фудбалер кој играше во Херта и Волфсбург, на 45 години најде нов клуб

Еден од фудбалерите кој не размислува за пензија е Марселињо. Во минатото играше за Херта и Волфсбург, а сега има 45 години и најде нов клуб во Бразил. Тој ќе игра во екипата на Перилим, нисколигаш од неговата земја.

Марселињо и во минатото играше за овој клуб, и сега се реши да му се врати.

Легендарниот бразилски играч пред неколку дена изјави дека ќе игра се додека го држат нозете.

Тој на почетокот на овој век дојде во Херта и стана легенда на тој тим. Играше и за Трабзонспор и Волфсбург, за неколку бразилски тимови, а одигра и пет меча во дресот на бразилскиот национален тим.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата