x

Бразилска фудбалерка ги повика играчите на нов предизвик

Фудбалерите во карантин жонглираа со тоалетна хартија, па со вреќички чај, а Бразилката Ракел Бенети сега постави нов предизвик „strip shirt challenge“ всушност бара од играчите да го соблечат дресот додека ја држат топката на главата.

Видеото на кое 29-годишната фудбалерка од Сао Пауло го сподели со своите 1,2 милиони пријатели на Инстаграм.

Инаку Ракел е позната по своите фристајл предизвици, а таа има цел да влезе  во Гинисовата книга на рекорди со тоа што ќе го собори рекордот од 55.197 непрекинати топири со топката, а кој во 1997 година ја постави бразилската фудбалерка Милена Домингес.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата