Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски стрелаше за Удинезе на денешното гостување кај Торино во Серија А. И тоа во вистински момент. Удинезе преку Пусето и Де Паул поведоа со 0:2 на ова тешко гостување, но домашните се кренаа со два брзи гола преку Белоти и Бонацоли. Се чинеше дека Удинезе ќе падне под притисокот, но за да не се случи тоа се погрижи Илија Несторовски.
Нестор-гол влезе во 62 минута, а седум минути подоцна погоди и ја врати предноста на својата екипа (2:3).