x

Браво: Академија Пандев донираше финансиски средства за Здравствениот Дом во Струмица

ФК Академија Пандев тргна по стапките на својот патрон Горан Пандев. Претходно нашиот најдобар фудбалер донираше пари за Здравствениот  Дом во Струмица, а вчера свој придонес со донација, во битката против Ковид-19, даде и клубот од Струмица. 

„Со овој гест сакаме да им помогнеме и да им се заблагодариме на лекарите и медицинскиот персонал за професионалноста и вложениот труд“ велат од таборот на „пандевци“.

Со овој потег ФК Академија Пандев покажа што значи општествена одговорност . 

Секако, големо браво за струмичани.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата