Истражување на Универзитетот во Питсбург.

Истражувачи од овој универзитет спровеле интересно истражување со кое утврдиле дека бојата на очите открива колку болка лицето може да поднесе. Истражувањето е работено на бремени и она што докажале е дека жени со сини или зелени очи ќе ви кажат колкава е толеранцијата на болка и воопшто негативни емоции и стрес кои секојдневно се доживуваат.

Кај бремените со кафени очи прагот на толеранција на болка е доста низок, по спроведеното истражување, додека оние со светли очи после породување помалку пателе од постпородилна депресија и напад на анксиозност за разлика од оние жени кои имаат смеѓи очи.

Се претпоставува дека во прашање е генетика и дека во идните истражувања би требало да се земат и жени кои не се бремени за подетално да се истражи совпаѓањето на бојата на очите и боја на кожа за чуство на болка.

Но ако се суди спрема студијата, емоциите варираат во однос на бојата која ја имаме.