x

Бојан Ѓоргиевски на излезна врата од Шкупи?

По Мевљан Адили, кој и дефинитивно си замина од Шкупи, како што велат нашите информации и Бојан Ѓоргиевски е пред заминување. Екс фудбалерот на Металург, Работнички, Победа, Хоризонт Т, играше и во неколку клубови надвор од Македонија, на Чаир дојде во летниот преоден рок. Иако добиваше шанса сепак не ги искажа во целост своите квалитети, па така најверојатно ќе мора да си побара нова клупска средина.

Кога сме кај зимскиот преоден рок, да споменеме дека засега во редовите на Шкупи нема ниту едно ново име, иако според информациите, клубот од Чаир има намера да се засили.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата