“Еден ден ќе научам како оди, еден ден ќе разберам од очи твои, од сладок збор на душа зла да бегаш велат знај, а не мислиш на крај”… се дел од стиховите од новата песна на Бојан Стојков која го носи името “Еден ден”. Автор на темата е Јован Јованов, додека, пак, текстот го потпишува самиот Бојан.

После подолга музичка пауза повторно се враќам на музичката сцена. Решив да снимам и видео за “Еден ден”, кадрите ги направивме на повеќе локации во Битола, а задолжени за реализација на спотот беа “Фабрика продукција””, откри Бојан кого македонската јавност го запозна преку учеството во бугарското музичко шоу “Идол” каде заврши како второпласиран.

Освен што се прослави, учеството во шоуто му овозможи да ја запознае и љубовта на својот живот – Соња Мембрано која, исто така, се натпреваруваше, а парот и после осум години се уште е заедно.

Постојано сум на релација Бугарија – Македонија, но тоа воопшто не ни ја отежнува врската, напротив. Не сум размислувал многу за свадба, но верувам дека ќе се случи и тоа”, додаде Стојков.