Сопругата на Вељко Ражнатовиќ, Богдана има две постари сестри, Наташа и Бојана Родиќ.

И додека Бојана е во мометов исто така во центарот на вниманието на јавноста и медиумите заради врската со Мирко Шијан, синот на пејачката Гоца Божиновска, за нивната најстара сестра Наташа речиси ништо не се знае. Неа ја нема во јавноста, не е експонирана во медиумите, не се слуша дека е во врска со неке познато момче, син, брат, братучед или било каков роднина  на некоја јавна личност, иако се зборува дека најстарата од трите сестри во семејството Родиќ и е многу врзана за помладите Бојана и Богдана.

Според фотографиите кои ги споделува на социјалните мрежи, се гледа дека таа сака да патува на далечни, егзотични  дестинации, но и да оди на скап шопинг.

Љубовниот живот го крие како „змија нозете“, па за неа освен тоа дека лани, (2019  год.) во ноември на свадбата на својата сестра се појави со непознато момче чиј идентитет остана неоткриен, не се слушнало ништо друго до сега.

„Ви благодарам за најголемата среќа на светот! Никој не се надеваше дека ќе бидеш токму ти прва, секогаш толку мала во нашите очи. Ви благодарам што ни донесовте најголемата среќа на светот да станеме тетки. И знаете колку е тешко секогаш  да му избереме роденденски подарок за тато. Епаа, токму ти му го даде најубавиот досега. И не грижи се, иако имаме бебе, ти сепак ќе останеш нашето бебе. Те сакам“ – напиша Наташа по повод раѓањето на нејзиниот внук Жељко, бебето на сестра и Богдана и Вељко Ражнатовиќ.