Целта на законот за амнестија е да се донесе помирување во Собранието. Овие политички одлуки носат политичка одговорност, но важно е дека мешање во судството нема ниту ќе има по која било основа, изјави портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, во врска со законот за амнестија кој вчера беше донесен во Собранието.

„Владата поддржува акти со кои ќе се дефнира помирувањето, со кои јасно ќе се разграничи насилството, физичкото насилство и осмислување на насилството на 27 април наспроти присуството во Собранието како толпа, тие што го смислиле црното сценарио, тие што го извршиле и тие што допрва треба да се исправат пред лицето на правдата. Овие политички одлуки носат политичка одговорност, но важно е дека мешање во судството нема ниту ќе има по било која основа. Целта на законот е да се донесе помирување меѓу највисокиот орган во државата или во Собранието“, рече тој.

Бошњаковски повтори дека нема да има амнестија за организаторите и за сите кои учествувале во насилство или сториле насилство на 27 април.

извор: Makfax