Љубе Бошкоски како министер го нарачал, неговиот подреден, шефот на обезбедувањето Зоран Трајковски го организирал, а непознати ги ликвидираа Марјан Тушевски и Киро Јанев ова го тврдеше сведокот Александар Василевски Нинџа, пишува Алфа ТВ. Иако не понудил конкретни докази, Нинџа тоа го заклучил според информации добиени од Тушевски со кого биле могу добри пријатели.

Според адвокатите, оваа верзија на Нинџа не е веродостојна, затоа што тој е притворен за вооружен напад врз Драганчо Стојменов, клучен сведок во акцијата Детонаторр, а има и други кривични дела.

-Тиквата пукнала кога бизнисменот Зоран Азманов во договор со власта го изнајмил Тушевски со кумановецот Горан Георгиевски Мујо да ги запалат неговитге погони кон Куманово за да наплати осигурување, а за тоа да им исплати 200 илајди германски марки, сума која не била исплатена, пишува Алфа.

Александар Василевски пред судот тврдел дека по нападот во околината на инцидентот ги забележал обвинетите Сашо Јовановски и Зоран Трајковски и се посомневал дека тие се дел од напаѓачите.