x

Ботас најбрз во Сочи, ја искористи почетничката грешка на Хамилтон

botas

Иако Луис Хамилтон имаше пол-позиција во Сочи, и беше најголем фаворит за победа, сепак, на ГН на Русија во Сочи триумф на Валтери Ботас.

Ова за Ботас беше деветти триумф во кариерата, а Хамилтон кој ја имаше пол позицијата, вежбаше старт во недозволен простор, и беше под истрага.

Одлично ја започна трката Британецот, а потоа имаше 10 секунди казна кој ја одработи влегувајќи во бокс. Тоа го искористи Ботас кој најпрво го претрка Верстапен, а потоа и Хамилтон, и до крајот ја одржа предноста.

Верстапен на крајот заврши втор, а Хамилтон беше трет. Дополнителен поен за најбрз круг го доби Ботас.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата