Интересно е тоа што “селтикси” немаат први бирано уште од 1950 година кога го драфтуваа Чак Шејра. Според некои прогнози во Бостон би можел да заврши бекот на Универзитетот Вашингтон, Маркеле Фулц, додека како втор пик се споменува Лонзо Бол, а трет Џош Џонсон.

Четвртиот тим кој има право на избор е Феникс, пети Сакраменто, шести Орландо, седми Минесота, осми Њујорк, девети Далас, десети Сакраменто…

Седум кошаркари од АБА лигата се пријавени за годинешниот драфт. Меѓу нив се тројца играчи на Мега лекс, Влатко Чанчар, Алфа Каба и Костја Мушиди, како и Алекса Илиќ од Будуќност, Ловро Мазалин од Задар, Бориша Симаниќ од Црвена звезда и Ник Славица од Цибона.