x

Бостон го прегази Торонто и поведе во полуфиналето на Истокот

boston-toronto

Кошаркарите на Бостон Селтикс го совладаа Торонто Рапторс со 112:94 и поведоа во полуфиналната серија од плеј-офот на Истокот.

Селтикс беа многу подобар ривал на овој натпревар и тоа се виде уште во првата четвртина, кога Бостон направи голема разлика во однос на противникот. Селтикс постигнаа дури 39 поени во првата четвртина против една од најдобрите одбрани во лигата, што даде јасен знак што ќе се случува на дуелот.

Најефикасни кај победниците беа Татум и Маркус Смарт со по 21 поен, Вокер имаше 18 и 10 асистенции. На спротивната страна кај Репторс прв стрелец беше Лаури со 17 поени, а Ибака постигна 15.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата