x

Бостон во четири меча ја реши Филаделфија

boston-nba

Кошаркарите на Бостон Селтикс обезбедија пласман во второто коло од НБА плеј-офот, победувајќи ја Филаделфија со 4-0 во серијата од првата рунда.

Екипата на Бред Стивенс во четвртиот натпревар од првото коло на плеј-офот го совладаа тимот на Филаделфија со 110:106.

Селтикс беа фаворити пред овој дуел затоа што Филаделфија беше без Бен Симонс, но малкумина очекуваа дека ќе следи метла, односно елиминација без ниту една победа за 76-ките.

Бостон играше многу зрело, особено Тејтум и Браун, кои го најдоа ритамот за победа.

Кемба Вокер вечерва постигна 32 поени, Тејтум имаше 28 поени.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата