Зеничкиот Робинзон Крусо, како што многумина го нарекуваат Жарко Хрњиќ (63), кој веќе девет години живее во пештера оддалечена неколку километри од градот, го најави враќањето во цивилизација.

Тој вели дека за две години ќе стекне услови за германската пензија, бидејќи таму работел како чувар, но исто така и пензијата од БиХ, по што планира да купи стан.

Тој не крие дека нестрпливо го чека враќањето во живот каков што отсекогаш сакал и во исто време не жали за ниеден час поминат во импровизираните пештери во каменоломот „Зенит“, каде што живее откако бил депортиран од Германија.

Нова година ја пречека покрај оган, со скара и, како што рече, нешто „луто за да го загрее”, а го посетуваат и неговите пријатели.

Иако луѓето го посетуваат, најдобри пријатели му се, како што кажува, неговите кучиња. Тој не може да го замисли животот без нив. Не крие дека му импонира што го нарекуваат зенички Робинзон Крусо.

Жарко во овој зимски период не ложи оган во пештерата и, како што вели, никогаш не бил болен ниту отишол на лекар.

извор: Makfax