x

Борусија нема да ја спушти цената за Санчо поради коронавирус

Манчестер Сити направи голема грешка кога во 2017 година одлучи да го продаде Џејдон Санчо на Борусија Дортмунд. Бундес-лигашот за услугите на овој фудбалер плати нешто повеќе од осум милиони евра, и се чини заврши добра работа.

Повеќе од јасно е дека Борусија нема долго да го задржи Санчо во своите работи, голем број на тимови пројавија интерес за него.

Неофицијално овој играч е најблизу до Манчестер Јунајтед, кој се обидува да го привлече со астрономски примања. Сумата која до сега се споменуваше беше околу 100 милиони евра, но поради пандемија коронавирус многумина веруваат дека цената на трансферот ќе падне.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата