x

Борусија (Д) ја одреди цената на Санчо, сега на ред се понудувачите

Борусија Дортмунд ќе бара 115 милиони фунти за слободата на Џејдон Санчо и покрај тоа што е свесна дека тешко ќе успее да го натера Англичанецот да остане кај нив и следната сезона. Според информација на британски „Телеграф“, Манчестер јунајтед ја води потерата по потписот на англискиот репрезентативец, но има уште неколку сериозни конкуренти кои ја следат ситуацијата во чекор.

„Џејдон не е исклучителен фудбалер кој е забележлив само на теренот, туку повремено и надвор од теренот. Понекогаш не е лесно за нас“, изјави Михаел Цорк, спортскиот директор на тимот oд Дортмунд.

Цорки и неговите соработници се лути на неколку испади на младиот Англичанец, поради кои веројатно бараат најдобра понуда за да го продадат, смета „Спорт Билд “ .

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата