x

Борусија (Д) условува: Гринвуд за Санчо!

Борусија (Д) ќе се обиде да го добие напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд, како дел од договорот за продажба на Џејдон Санчо, тврди ЕСПН.

Санчо ќе биде главната мета на „црвените ѓаволи“ ова лето, но според информациите од нивните редови, тешко дека ќе сакаат да се разделат со младиот Гринвуд.

Во тековната сезона, Мејсон одигра 38 натпревари за „ѓаволите“ во сите натпреварувања. 18-годишниот Англичанец има 14 голови и 4 асистенции.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата