x

Борусија (Д) најде начин како да го „украде“ Халанд за само 20 милиони евра!

Иднината на норвешкиот голгетер Халанд од екипата на Салцбург веројатно ќе биде решена уште оваа зима. Според информација која излезе денеска во тиражниот шпански весник „Марка“, младиот голгетер има клаузула во договорот со Австријците која е тешка само 20 милиони евра и која веројатно ќе биде активирана уште во јануари.

Фудбалерот кој го привлече интересот на најголемите светски гиганти оваа есен има опција да го напушти клубот од Австрија за прилично ниска сума, затоа што клаузулата за ослободување тоа го овозможува. Преставници на Борусија (Д) први ја дознале веста, па веднаш реагирале. Доставиле понуда до фудбалерот, која ако биде прифатена, „милионерите“ во јануари ќе ја активираат клаузулата и за евтини пари ќе го добијат младиот голгетер.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата