x

Борусија Дортмунд со порака за Норвешка: Во Германија важат германски правила

haland

Германските клубови, кои во моментов имаат играчи во репрезентацијата на Норвешка, ги повикаа своите играчи да се вратат во тимовите.

Норвешка имаше проблеми пред патувањето во Романија, односно Владата не им дозволи на играчите да одат во Букурешт, бидејќи потоа при враќањето ќе мора да поминат во изолација.

Затоа регираа германските клубови, и си ги бараат играчите назад. Прва со реакција се јави Борусија Дортмунд, и побара Ерлинг Халанд веднаш да се врати. Иста е ситуацијата и со Херта која побара враќање на голманот Руне Јарштајн и Лајпциг за Александар Сорлот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата