Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон се пофалил дека неговиот состанок со Иванка Трамп бил “фантастичен”, барем до моментот додека не ја објавил сликата на Твитр.

Имено многумина ги потсетил на таткото на Иванка, американскиот претседател Доналд Трамп, а некои го обвинуваат дека намерно сака да изгледа како Доналд.

Твитерашите имаат право бидејќи, освен што физички плукнат Трамп, Џонсон го користел и неговиот знак, подигнат палец.

“Поминав фантастично попладне во Белата куќа, видов цел спектар на соработка меѓу Обидинетото Кралство и САД, и разговарав за се, од кризата во Сирија до потребаа за глобално оснажување на жените, со потпретседателот Пенс, Иванка и Џерад Кушнер”, напишал Џонсон.

Откако Иванка ја сподели неговата слика, тргна лавина коментари на негова сметка.

 

“Ова изгледа како Иванка да позира со копија на својот татко”

“Таа машна, тој палец, Иванка. Сака ли Борис да стане Трамп?”

“Грозна верзија на својот татко”

” Еб..о, па дигнал и палец”, се дел од некои коментари.

“Имај малку повеќе почит, не го кревај тој палец никогаш повеќе”, напишал еден твитераш.

Извор: index.hr