Борис Новковиќ на Евровизија во дрес
Желбата на хрватскиот претставник Борис Новковиќ во Киев да пее облечен во дресот на хрватската фудбалска репрезентација е на половина пат до остварувањето. Имено, Борис изразил желба “Волците умираат сами” на сцената во Киев да ја пее во спортска опрема, а ако тоа би се сметало за преголем екцес, тогаш тој тоа, секако, ако влезе во финалето, би го направил додека се наоѓа во зелената соба. Ако, пак, го освои првото место и победи на “Евросонг”, тогаш при повторното изведување на нумерата би се појавил во фудбалска опрема, и тоа во дрес со број 9, што инаку го носат најдобрите стрелци.