Бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави дека Софија не сака да учествува во создавање на заедничка Црноморска флота, во чиј состав би биле и Романија, Турција и Украина, со цел да се неутрализира присуството на руската морнарица во Црно Море.

– Не ни треба војна во Црно Море, истакна Борисов на заедничката прес-конференција со бугарскиот претседател Росен Плевнелиев.

Борисов посочи и дека не сака да гледа фрегати кои пловат покрај туристичките дестинации.

– Секогаш зборувам дека сакам по Црно Море да пловат чамци, јахти, туристички и товарни бродови, а не областа да стане арена за воена акција, истакна Борисов.

Плевнелиев наведе дека „Бугарија е мирољубива земја и оти нејзината надворешна политика не е насочена против никого”.

Бугарија, некогашна земја-членка на источниот блок, има најблиски односи со Русија, изрази подготвеност да учествува во заедничките воени вежби на НАТО.