x

Борец сака позитивен крај на полусезоната

img_0414

Екипата на Борец е едно од позитивните изненадувања оваа полусезона. Никој велешани не ги сврсти како екипа која може да се бори за висок пласман, а ете Борец во моментов е на делба на четвртата позиција на табелата заедно со Струга ТЉ, со која имаат по 25 бода.

Денеска Борец може да го збогати тоа конто доколку обезбеди поволен резултат на Арената Тодор Проески каде што го игра мечот од последното есенско коло против тимот на Работнички.

Гостите на овој меч се без шефот на стручниот штаб Горазд Михаилов кој сеуште се опоравува од позитивниот Ковид 19 тест, а нема да настапи ниту Марио Станковски кој е повреден.

„Секако дека посакуваме поволен резултат и се стремиме денеска кон тоа. Сакаме на најдобар можен начин да ја завршиме оваа полусезона, а потоа да видиме што и како понатаму. Ние реално покажавме дека можеме против сите, а на Арената секогаш е добро да се игра. Респект за Работнички, покажа есенва и противникот дека знае да одигра добро и на резултат, но ние немаме намера денеска да загубиме напротив“ – велат од таборот на Борец.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата