x

Бордо остана непоразен на „Паркот на Принцовите“ (ВИДЕО)

psg-bordeaux

Фудбалерите на Бордо успеаја да останат непоразени на тешкото гостување кај ПСЖ во мечот од 12. коло на француската Лига 1. Бордо им зададе големи маки на ѕвездите на Томас Тухел и поведе во 10. минута благодарение на автоголот на Пембеле.

ПСЖ успеа брзо да се врати и за само две минути да приреди комплетен пресврт. Нејмар од белата точка израмни во 27. минута, а само минута подоцна Кин погоди за водство од 2:1.

Во вториот дел Бордо успеа да ја искористи својата шанса и во 60. минута Адли погоди за израмнување на 2:2. Иако ПСЖ доминираше, до крајот не успеа да постигне гол за победа. Ова е првото сезонско реми за парижани во лига 1.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата