x

Борач од Иран е осуден на смрт, колегите бараат помош од Трамп

navid-afkarai

Иранскиот борач Навид Афкарај е осуден на смрт во неговата земја за учество во протести против владата и наводното убиство на Хасан Торкаман, вработен во една од иранските компании за водостопанство.

Семејството на иранскиот борач тврди дека тој е невин, како и дека тој признал дека тоа го сторил тоа само затоа што бил подложен на брутална тортура. Двајцата браќа на иранскиот спортист, исто така учествувале во протестите и добија долги затворски казни.

Во целата приказна се вклучи и првиот човек на УФЦ, Дана Вајт, кој реши да се обиде да го спаси Афкарај и му се обратил лично на претседателот на САД, Доналд Трамп, за помош.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата