Централниот дефанзивец во редовите на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, Леонардо Бонучи, откри дека во изминатите неколку месеци одбил неколку официјални понуди кои биле испратени од раководните лица на најтрофејните клубови во шпанската Примера дивизион.

Репрезентативецот на Италија потврди дека без многу да размислува ги одбил понудите на Барселона и на Реал (М).

Поранешниот фудбалер на Бари за време на летниот преоден рок доби прималива понуда и од раководните лица на англиските премиерлигаши Манчестер Сити и Челзи.