x

Бонер: Германија е вистински предизвик

boner

По поразот од Хрватска во Рига, македонската женска кошаркарска репрезентација денеска (15:30 часот) ќе ги одмери силите со Германија во 4. квалификациско коло за место на ЕП.

Новото име Девана Бонер им дава дополнителна енергија на другите кошаркарки во составот. Таа беше најдобра на првиот меч во дресот на Македонија,имаше дабл-дабл од 20 поени и 17 скока.

„На првиот натпревар, овде, на турнирот во Рига, беше забавен. Мислам дека направивме големи подобрувања во играта. Сите девојки беа навистина подготвени за играње. Едвај го чекам мечот со Германија. Станува збор за силен тим со одлични кошаркарки. Тие играат заедно долго време, па натпреварот ќе биде вистински предизвик за нас. Но ние ќе играме најдобро што можеме. И ќе дадеме се од себе да продолжиме да се подобруваме и да победуваме“. 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата