x

БОМБА: Јонуз е во Катар, се чека на промоција

mirsad-jonuz

Поранешниот македонски селектор Мирсад Јонуз ќе има нов клуб. Тој во иднина ќе работи во првенството на Катар.

Јонуз е веќе таму, но согласно протоколите ќе треба да мине седум дена во карантин, а потоа да се случи промоцијата, најверојатно идната недела.

Станува збор за одлична понуда која Јонуз ја прифатил, и сега останува само финализација на договорот.

Последен клуб на Јонуз му беше Влазнија Скадар, а претходно ги водеше Неа Саламис, македонската сениорска и млада репрезентација, Работнички и Победа.

Во Катар ќе се одржи идното светско првенство, а таму играат големи имиња како Санти Казорла, Ектор Морено, Габриел Меркадо, Арон Гунарсон, Медхи Бенатија, Јасин Брахими… Еден од најпознатите фудбалски имиња Чави го води тимот на Ал Сад.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата