x

“БОМБА“ ОД ТЕТОВО: Шкендија со 60.000 евра во “лов“ на вардарецот Жуниор!!!

Очигледно е дека Шкендија не може без да има играч во своите редови, а да не се вика Жуниор. По Стенио Жуниор, кој по пет години престој во Тетово пред неколку месеци направи трансфер во Рига, сега на ред е Леовигалдо Жуниор, офанзивниот лев бек на Вардар, еден од најдобрите фудбалери не само на скопските „црвено – црни“ туку и во Првата лига.

Како што дознава СПОРТМЕДИА и тоа од проверени извори, Шкендија испратила понуда до Бразилецот вредна 60.000 евра годишно. Тоа е само платата за Жуниор кој треба да ја зема ако потпише за тетовските „црвено – црни“. Сега се очекува одговорот на бекот кој, како што дознаваме, има понуди од клубови од Грција и Србија, но онаа на Шкендија била навистина примамлива. Посебно на тие 6.000 евра месечно ако се додадат премиите и бонусите.

Факт е дека по заминувањето на Гледи Мици, Шкендија како сериозен клуб мора да донесе адекватно решение на таа лева бековска позиција. А подобар во моментов од Леовигалдо и не може да најде.
Кога сме кај Леовигалдо да споменеме дека тој во Македонија дојде во јули 2018 година. Прво една сезона играше за Македонија ЃП, а потоа во оваа сезона, која беше прекината, просто блескаше во вардаровиот дрес и заедно со Аврамовски, Гачевски, Брдаровски…беше најдобриот поединец во тимот на стратегот Александар Васоски.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата